Дуа Липа ја снема од социјалните мрежи


Популарната британска пејачка со косовско потекло, Дуа Липа ги вознемири фановите со тоа што буквално ја снема од социјалнте мрежи. Липа беше една од најактивните на инстаграм во поп-светот. Таа редовно објавуваше за нејзините настапи, професионални ангажмани, како и за моменти од нејзиниот приватен живот.

Во моментов, таа има само три фотографии кои ги сподели вчера на инстаграм и преку нв најавува нов музички материјал.

Таа, годинава е една од најангажираните поп-пејачки, а потпиша договори и со модниот бренд Ив Сент Лоран. Овој месец ја краси и насловната на шпанскиот „Вог“.

Дуа неодамна имапе и турбуленции во нејзиниот приватен живот. По неколку години љубовна врска со популарниот готвач Ајзак Кару, таа го замени со Анвар Хадид, братот на најпопуларните манекекнки во моментов Џиџи и Бела Хадид.