Дуа Липа ги повика Албанците во Америка да гласаат за Бајден

САД- Поп-ѕвездата од Косово со светска кариера Дуа Липа (24), ги повика Албанците од Соединетите држави да гласаат за демократскиот кандидат Џо Бајден на претстојните претседателски избори.

На видеото на Фејсбук страницата на албанската заедница во САД, „Albanian Americans for Joe Biden“, Липа рече дека „Бајден беше со нас кога Косово се соочуваше со хуманитарна катастрофа“.

„Џо Бајден беше со нас кога Косово се соочи со човечка катастрофа. Неговата вера и вербата на Камала Харис во демократијата и меѓународните институции е она што денес им е потребно на Соединетите држави и целиот свет“, рече Липа во видеото.

Со овие изјави, Липа им се придружи на бројните холивудски sвезди кои изминатиов период јавно го поддржуваа кандидатот на демократите.

Новиот албум на Липа “Future Nostalgia” се искачи на врвот на топ-листите ширум светот.