ДС вели дека Османи ја загрозувал евроинтеграцијата


 

Партијата на пратеникот Павле Трајанов денеска преку соопштение вели дека министерот за надворешни работи, Бујар Османи, со своите претерани ставови за внтарешно-политгичките состојби ја загрозувал евроинтеграцијата на Македонија. Османи вчера ја нарече непромислена одлуката на ВМРО-ДПМНЕ за прекин на разговорите со власта.

Демократскиот сојуз наведува неколку причини за тоа што го тврди. Прво, дека во јуни 2022 година Османи го прифатил францускиот предлог, Општиот став и Заклучоците на Советот на Европската унија, без претходни пошироки стручни и  политички консултации. Потоа, дека консултациите што подоцна под притисок на експертите, невладиниот сектор и политичките партии се одвиваа имале неискрен и крајно манипулативен карактер.

Според ДС, во ниту еден од документите на ЕУ, вклучително и во Преговарачката рамка, не е предвидено дека по приемот на Македонија во ЕУ македонскиот јазик ќе биде официјален и еден од службените јазици во ЕУ.

„Нашите анализи покажуват дека Османи лекомислено прифатил обврски за целата држава, а сега не може да ги исполни. По ваков дебакл, Османи треба да си поднесе оставка“, велат од ДС.