Државниот врв, Симовски и градоначалниците утре на средба во Собранието за пописот
Во Собранието на Република Северна Македонија утре ќе се одржи средба на државниот врв и директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски со градоначалниците и секретарите на советите за спроведување на Законот за попис.
Претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на државата Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев ќе имаат официјални обраќања, а ќе зборува и директорот Симовски.
Претставниците од Државниот завод за статистика ќе ги информираат претставниците на локалните самоуправа за нивните должности кои произлегуваат од Законот за попис. Ќе има и сесија за поставување прашања.
Според Законот, претседатели на пописните комисии во 50 региони ќе бидат секретарите на општините.
Средбата ќе се одржи во Големата сала со Купола.