Државниот долг достигна 88,7 отсто од БДП во еврозоната и 82,0 отсто во ЕУ


На крајот на првиот квартал од 2024 година, односот на бруто-долгот на општата влада во однос на БДП во еврозоната изнесуваше 88,7 отсто, во споредба со 88,2 отсто на крајот на четвртиот квартал од 2023 година, покажуваат податоците на Евростат, заводот за статистика на Европската унија, објавени денеска. Во ЕУ, односот исто така се зголеми од 81,5 отсто на 82,0 отсто.

Од Евростат посочуваат дека во споредба со првиот квартал од 2023 година, односот на државниот долг кон БДП се намали и во еврозоната (од 90,1% на 88,7%) и во ЕУ (од 83,0% на 82,0%).

На крајот на првиот квартал од 2024 година, долгот на општата влада беше составен од 83,9% должнички хартии од вредност во еврозоната и 83,4% во ЕУ, 13,6% заеми во еврозоната и 14,0% во ЕУ и 2,6% валути и депозитите и во еврозоната и во ЕУ.

Поради вклученоста на владите на земјите-членки на ЕУ во кредитирањето на одредени земји-членки, се објавуваат и квартални податоци за меѓувладините заеми (IGL). ИГЛ како процент од БДП на крајот на првиот квартал од 2024 година изнесуваше 1,4% во еврозоната и 1,2% во ЕУ.

Државниот долг на крајот на првиот квартал од 2024 година по земја-членка

 

Највисоки стапки на државниот долг во однос на БДП на крајот од првиот квартал од 2024 година се забележани во Грција (159,8%), Италија (137,7%), Франција (110,8%), Шпанија (108,9%), Белгија (108,2%) и Португалија (100,4%), а најниски се забележани во Бугарија (22,6%), Естонија (23,6%) и Луксембург (27,2%).

Во споредба со четвртиот квартал од 2023 година, дваесет земји-членки забележаа зголемување на односот на долгот кон БДП на крајот на првиот квартал од 2024 година, а седум намалување. Најголеми зголемувања на соодносот се забележани во Словачка (+4,6 процентни поени – п.п.), Естонија (+4,0 п.п.), Белгија (+3,1 п.п.), Романија (+2,8 п.п.), Унгарија (+2,5 п.п.) и Австрија (+ 2,1 п.п.), додека намалувања се забележани во Грција (-2,1 п.п.), Кипар и Холандија (и -1,2 п.п.), Шведска и Ирска (и -0,8 п.п.), Бугарија (-0,5 п.п.) и Германија (-0,2 п.п.).

Во споредба со првиот квартал од 2023 година, дванаесет земји-членки забележаа зголемување на односот на долгот кон БДП на крајот на првиот квартал од 2024 година, четиринаесет земји-членки е намалување, додека односот остана стабилен во Ирска.

Најголеми зголемувања на соодносот се забележани во Естонија (+6,3 п.п.), Финска (+4,2 п.п.), Полска (+3,3 п.п.), Словачка (+2,7 п.п.), Романија (+2,2 п.п.), Литванија (+2,1 п.п.) и Белгија (+2,0 п.п.). Најголеми намалувања се забележани во Португалија (-12,0 п.п.), Грција (-9,6 п.п.), Кипар (-6,8 п.п.), Хрватска (-5,3 п.п.), Холандија (-2,8 п.п.), Шпанија и Германија (и двете -2,2 п.п. ).