Државата годинава ќе може да се задолжи 250 милиони евра на домашниот пазар


Вкупно 15.375.000.000 денари (250 милиони евра) ќе изнесува нето-задолжувањето преку издавање државни хартии од вредност во 2020 година, соопшти Владата.

На седницата денеска Владата донесе Одлука за изменување на Одлуката за утврдување на максималниот износ на нето – задолжување преку издавање државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар во 2020 година.

-Согласно претходното изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, со оваа одлука се утврдува максималниот износ на нето-задолжувањето преку издавање државни хартии од вредност во 2020 година и тоа ќе изнесува 15.375.000.000 денари, наместо предвидените 12.300.000.000 денари (200 милиони евра), информира владината прес-служба.