Државата даде на земјоделците 13.758 хектари земјоделско земјиште
Во година во која цената на храната и земјоделските производи постојано расте, Владата преку седум јавни огласи стави на располагање 13.758 хектари државно земјоделско земјиште, за обработка на житни култури, за подигнување на долгогодишни насади и за производство на сточна храна. Овие парцели земјоделско земјиште се распоредени низ целтата територија на државата со површини до и над три хектари.
„Секоја педа обработливо земјиште ја ставаме на располагање на земјоделците, за да се зголеми домашното производство и да се намали зависноста од увоз. За да им се излезе в пресрет на земјоделците во овие комплицирани времиња, даваме поддршка за набавка на вештачко ѓубриво, помагајќи до 40% од трошоците на земјоделците, а парите за оваа поддршка земјоделците ги добиваат брзо во рок од 7 денови по аплицирањето. За оваа мерка до сега исплатени се вкупно 86 милиони денари за 5.475 земјоделци.
Преку ребалансот на буџетот кој е изгласан во Собранието, обезбедивме дополнителни 3,2 милијарди денари за директна поддршка на над 45.000 земјоделци. Овој земјоделски буџет има за цел расчистување на сите заостанати обврски кон земјоделците, а започнуваме и со авансна исплата на субвенциите во рок од 90 дена по аплицирањето.Ова се конкретни, навремени и ефикасни мерки кои на дело ја потврдуваат заложбата на СДСМ за помош и поддршка на домашното земјоделско производство, порача денес на прес конференција Гоце Георгиевски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство.