Друштвото на Слави Трифонов се ситни, објавена е нова партија
Новата партија се вика Развој и таа е против испраќање оружје на Украина
Тројца кандидати за министри од минатогодишниот пропаднат кабинет на Има таков народ (ИТН) и поранешни експерти од партијата на шоуменот Слави Трифонов создадоа нова централно-левичарска партија која ќе работи на „неутралност“ во надворешната политика. Партијата се вика Развој, а нејзин претседател е Десислава Димитрова, која беше предложена од Трифонов за министер за економија минатото лето, но владата никогаш не беше изгласана од собранието.
Останатите двајца поранешни министри за проектот ИТН кои сега се дел од Развој се тогашниот министер за култура Георги Султанов и тогашниот министер за труд Теодора Пенева. Двајцата беа дел и од експертите на ИТН, кои на партиската веб-страница се претставени како „луѓето зад Слави“.
„Знаете што се случи со партијата Има таков народ – луѓето очекуваа многу различни случувања и се покажа дека има многу разочарани луѓе. Нормално, овие разочарани луѓе и сите граѓани ќе бараат да препознаат друга политичка сила. Имаме многу поддржувачи на Има таков народ кои бараат да продолжи работата што ја започнавме“, изјави Десислава Димитрова за „Медијапул“.
Од новата партијата велат дека се против војната, но не се за испраќање бугарска воена помош на Украина, бидекќи со тоа „само ќе се продолжи агонијата“