„Другата страна на реката“ на Антониа Килијан најдобар филм на „Киненова“


Стефан Арсенијевиќ за филмот „Страхиња Бановиќ“ ја доби наградата за најдобар режисер на годинашниот фестивал на „Киненова“. Давид Боневил и Диего Роша се наградени за најдобро сценарио за филмот „Последното капење“, специјална награда од жирито и беше доделена на Ивона Синежинска за „Аматери“, а нововостановената награда „Упа“ за најдобро актерско остварување и припадна на Мелика Форотуан од филмот „Пари“.

-И благодарам на „Киненова“ затоа што постои, бидејќи Скопје навистина заслужува и му прилега да има вистински меѓународен фестивал на дебитантски филм како и секоја светска метропола, рече Никола Поповски, член на жирито што ги додели наградите во конкуренција за кратки филмови.

За најдобар македонски краток филм е прогласен „Касапот“ на Илчо Царовски. Наградата во име на авторот ја прими неговата сестра Тања Царовска.

За извонредно конструираното поврзување на два лика кои навидум и немаат никаков меѓусебен потенцијал, Специјалната награда од жирито ја добива филмот „Мајстор за се“ на Николас Клифард.

За ремек-дело, најдобар краток филм е прогласен „Пријател“ на Андреј Светлов.

Жирито во состав: Петар Валчанов, Зане Балчус и Владимир Ангелов одлучи Стефан Арсенијевиќ за филмот „Страхиња Бановиќ“ ја добие наградата за најдобар режисер, Давид Боневил и Диего Роша за најдобро сценарио за филмот „Последното капење“, специјална награда од жирито и ја додели на Ивона Синежинска за „Аматери“, а нововостановената награда „Упа“ за најдобро актерско остварување и припадна на Мелика Форотуан од филмот „Пари“.

„Другата страна на реката“ на Антониа Килијан доби Гран при за најдобар филм на Киненова 2021 за силната приказна водена од женски карактер кој се обидува да го промени традиционалното општество, следејќи ги нејзините верувања и покрај противречностите и тешкотиите. Филмот демонстрира ветувачки силен глас на филмски режисер подготвен да се справи со тешки теми во предизвикувачки услови.

„Последното капење“ на Давид Боневил и Диего Роша ја доби наградата за најдобро сценарио. За многу интимното и чувствително прикажување на ликовите кои го пронаоѓаат својот пат во новите околности, кои ги предизвикуваат нивните постоечки погледи на светот.

Филмот „Аматери“ на Ивона Сикежинска ја доби Специјална награда од жирито за вештиот пристап кон справување со актерската екипа во приказна за луѓе со посебни потреби во креативна средина, а на Мелика Фороутан од филмот „Пари“ и е доделена нововоспоставена награда „УПА“ за најдобро актерско остварување, за силната и незаборавна изведба во улога на мајка која поминува низ трансформативно искуство во потрага по својот изгубен син.

На последниот ден од Фестивалот беше прикажан филмот Колектив на Александар Нанау.