Дрски кражби во Скопје, напаѓаат минувачи, им крадат ташни и мобилни


Две дрски кражби регистрирала полицијата во текот на вчерашниот ден, при што од минувачи биле одземени ташна и мобилен телефон.

Имено, во 22 часот во СВР Скопје, Л.К.(42) пријавил дека на булевар „Партизански Одреди“ на паркинг пред угостителски објект, две лица со закана му одзеле ташна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

нешто порано истиот ден, во 21.30 часот во СВР Скопје, Д.Ј. од Скопје, пријавила дека на ул. „Венјамин Мачуковски“ едно лице физички ја нападнало и ѝ одзело мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Три минути по полноќ, пак, во СВР Скопје, било пријавено дека едно лице со закана одзело пари и цигари од продавница на улица „11-ти Октомври“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.