„Дрекслмаер“ ги праќа вработените на одмор, работењето на технички минимум


Најголем дел од околу пет илјади работници од „Дрекслмаер“ од понеделник ќе користат одмор. Од фабриката потврдуваат за МИА дека од следната седмица ќе работат со значително намален капацитет, речиси на технички минимум. Сево ова, како што додаваат, согласно препораките за заштита од корона вирус и актуелната состојба во автомобилската индустрија.

„Работниците колективно ќе користат дел од платениот годишен одмор. Платеното отсуство ќе биде две седмици. После тоа, согласно со нарачките за работа и целата ситуација со корона вирусот, ќе се донесе соодветна одлука“, нагласуваат од германската фабрика во која работат работници од повеќе општини.