Драстичен скок на новозаразени во БиХ – денеска 345, а 11 починаа


 

Во Босна и Херцеговина денеска се регистрирани 345 нови случаи со корона вирус и 11 починати. Се работи за примероци прибирани неколку дена, а тестирани се во последните 24 часа.

Од нив во Федерацијата тестирани се 1.484 примероци, а 238 биле позитивни. Досега тестирани се 100.411 примероци, а Ковид-19 дијагностициран е кај 9.310 лица

До денеска оздравеле 5.698 пациенти, а активни се 3.369 случаи.

Пријавени се осум смртни случаи во последното деноноќие, со што бројот на починати се искачи на 243.

Република Српска пак, регистрира 107 новозаразени, а тестирале 527 примероци. Починаа три лица.

Вчера во БиХ регистрирани беа нови 222 случаи со корона вирус.