Драмскиот театар на фестивалот РУТА Група Триглав во Подгорица


Со претставата „Моето име е Горан Стефановски“, НУ Драмски театар Скопје утре ќе учествува на Меѓународниот фестивал РУТА Група Триглав, во Подгорица во Црна Гора, кој се одржува од 5 до 10 април оваа година.

Претставата е во режија на Бранислав Миќуновиќ, а драматургија е на Бранислава Илиќ. За сценографијата задолжен е Александар Дениќ, а за костимографија Роза Трајческа Ристовска, авторска музика е на Влатко Стефановски. Музички соработник е Давор Јордановски, а асистент на режија е Кристијан Атанасов.

 

Улогите ги толкуваат Биљана Драгиќевиќ – Пројковска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов Дац, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ, Дамјан Цветановски и Саша Димитриевска.

НУ Драмски театар Скопје е еден од шесте театри од државите членки на овој фестивал од меѓународен карактер.