Драмски театар со „Мојот маж“ на Меѓународен фестивал во Љубљана
НУ Драмски театар од 9 до 14 февруари ќе учествува на Меѓународниот фестивал „РУТА Група Триглав“ во Љубљана.
На 13 февруари ансамблот на Драмски ќе ја изведе претставата „Мојот маж“ која претставува колаж од расказите на Румена Бужаровска.
Претставата е во режија на Нела Витошевиќ и има добиено повеќе награди: за севкупен уметнички ангажман на авторот и актерите, за главна женска улога – Наталија Теодосиевска, за драматизација – Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова – Петровска и за костимографија – Роза Трајческа Ристовска.
Улогите ги толкуваат: Сара Климоска, Емилија Мицевска, Наталија Теодосиева, Сања Арсовска, Трајанка Илиева – Вељиќ, Игор Ангелов, Филип Трајковиќ и Исмет Шабановиќ.
НУ Драмски театар Скопје е еден од шесте театри од државите членки на овој фестивал од меѓународен карактер.