Драматично видео: Специјалци скокаат на нарко-подморница полна кокаин
Американската крајбрежна стража во четвртокот објави драматично видео на еден службеник кој се фрла на подморница која превезува речиси 8.000 килограми кокаин.
Пратката која се пренесувала со подморница, вреди 232 милиони долари.
Стражарот Катер Манро се гледа на видео-снимката како вика на неидентификуваниот пловен објект да застане додека се движи кон пресретнувачот во источен п
Пацифик. Потоа, членови на посадата скокаат на врвот на речиси целосно нурнатата подморница која се двиќи и го отвораат капакот.
Човек кој се наоѓа во подморницата може да види како специјалците го отвораат капакот на крајот на едноминутното видео.
Околу 7.711 килограми кокаин се пронајдени заедно со петмина осомничени криумчари, соопшти крајбрежната стража на САД.
Операцијата се случила на 18 јуни, а е една од 14 пресретнати подморници фатени како пренесуваат кокаин за картелите од Мексико, Центрајна и Јужна Америка. Вкупно запленето се 17.700 килограми кокаин и половина тон марихуана, со проценета предност од 569 милиони долари.