Драматично видео: Додека известуваше за последиците од земјотресот, почна уште еден катастрофален потрес


 

Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Турција рано во понеделникот во провинцијата Кахраманмарас, а жртви и разурнувања има и во соседна Сирија.

Неколку часа подоцна истата провинција ја погоди и вториот земјотрес, со јачина од 7,6 степени. Помеѓу тие два силни земјотреси, ЕМСЦ забележа десетина последователни потреси со јачина поголема од 5 степени, а голем број од оние над 4 степени.

Повеќе од 2.300 луѓе загинаа во Турција и Сирија по серијата земјотреси што ги потресоа двете земји. Спасувачите трагаат по преживеани, а бројот на загинати постојано се зголемува. Голем број земји испраќаат помош.

Во моментот кога Турција ја погоди вториот катастрофален земјотрес, новинарот Хабер Ајанси известуваше во живо од Кахраманмарас, за последиците од земјотресот во раните утрински часови.

Инаку, попладнево, Турција беше погодена од два нови, прилично силни земјотреси. Еден од 5,0 и еден од 5,1 степени спред Рихтеровата скала. Скај њуз јавува дека во Турција досега имало 120 земјотреси, по двата најсилни.