(Фото, видео) Драматични снимки од Кабул: Луѓето во паника се обидуваат да дојдат до место во авионите


Талибанците започнаа со окупација на главниот град на Авганистан во неделата без речиси никаков отпор, додека претседателот на таа земја избега во Узбекистан за, како што тврди, да спречи крвопролевање. Соединетите држави најавија дека ќе испратат дополнителни војници во опустошениот Авганистан, а Советот за безбедност на ОН во понеделник ќе одржи итен состанок.

Во меѓувреме, драматичните снимки што ги сподели на социјалните мрежи Стефан Симановиц, новинар на Амнести интернешнал, го прикажуваат хаосот на аеродромот во Кабул.

Луѓето очајно се качуваат на авионот сакајќи да ја напуштат земјата.

Истоврмено, американските сили пукаа во воздух на аеродромот во Кабул во понеделникот за да спречат стотици луѓе да влезат на пистата, изјави американски претставник.

„Толпата беше надвор од контрола“, рекол извор за Ројтерс. Се пукаше само за да се намали хаосот “.

Стотици Авганистанци го заглавија аеродромот обидувајќи се да се качат на воени авиони за да излезат од земјата откако Талибанците во неделата влегоа во Кабул. Аеродромот е контролиран од американски војници кои помагаат во евакуацијата на персоналот на амбасадата.

И додека аеродромот е преполн и хаотичен додека стотици цивили се обидуваат да ја напуштат земјата заедно со странски државјани, улиците на Кабул осамнаа пусти во понеделникот наутро. Зградите и канцелариите се празни, а делот од градот каде што беа сместени дипломатските претставништва е целосно испразнет.

На интернет беше објавено и видео од Кабул, на кое наводно се гледа како најмалку две лица паѓаат од авионот, кои претходно биле врзани за неговите тркала.