Драматичен скок во Србија: Нови 359 случаи на Ковид-19, шест лица починаа


До денеска до 15 часот во Србија се регистрирани нови 359 случаи на коронавирус, и со тоа и натаму расте бројот на новозаразени кај нашиот северен сосед.

Во изминатите 24 часа направени се 9.013 тестови. Според најновата статистика, од коронавирусот починаа шест лица.

Драматичниот скок на новозаразени ги наполни болниците, а најкритично е во Нови Пазар.