Драматичен скок на новозаразени во Австрија – почна вториот бран


Во Австрија, во последните 24 часа, дојде до драматичен пораст на бројот на новозаразени со корона вирус и тоа на 869. Последен пат повеќе од 800 заразени во еден ден во Австрија имаше на врвот на епидемијата на 27 март кога беа регистрирани 830 новозаболени. Поголем број од актуелниот забележан е до сега само еднаш и тоа на 26 март со 1.065 новозаразени.

Според актуелните податоци, врз основа на постојаниот растечки тренд, во Австија веројатно почна вториот бран инфекции. Во моментот во Австрија има 5.363 активно заболени, од кои 206 се во болница и 41 се на интензивна нега.

Од почетокот на епидемијата во Австија позитивни биле 32.633 лица, а 26.579 оздравеле.Бројот на починати е 750.

Од понеделник, врз основа на одлука на Владата, во Австрија стапуваат на сила нови мерки, кои предвидуваат носење маски во сите затворени простории и намалување на максималниот број луѓе на манифестации во затворено и на отворено.