Драма во Ниш: Не ги пуштиле во ноќен клуб, па фрлиле солзавец и ја блокирале вратата (видео)


 

Според очевидци, група млади момчиња во саботата околу 2 часот и 30 минути фрлиле солзавец во ноќен клуб во центарот на Ниш, каде што се обиделе да влезат. Од полицијата во Ниш велат дека е пристигната пријава за нарушување на редот и мирот, пренесува Блиц.

Полицијата добила пријава, интервенирала велат, а истрагата е во тек.
Според очевидци, некој нафрлал столчиња на влезот и фрлил солзавец.

На видеата кои кружат на социјалните мрежи може да се види дека групата се обидела да влезе во клубот лоциран на централниот плоштад во Ниш, при што било скршено и стаклото на вратата.
Известено е и Обвинителството, велат од полицијата за Јужни вести.