Драма при слетувањето на авионот на Бојко Борисов

Авионот од марката „фалкон“, во кој бил бугарскиот премиер, едвај слетал на аеродромот во Софија, јавува бугарската агенција БГНЕС.

Според првичните информации, при првиот обид за слетување на авионот на бугарската влада, пукнала гумата на тркалото за слетување така што пилотот морал да изведе и втор обид за слетување и за тоа применил процедура наменета за итни случаеви, односно мануелно да го приземји авионот.

Во тој инцидент немало повредени, па како што наведува Спутњик интернешенел, бугарскиот премиер безбедно ги продолжил своите активности.