Драма на Атлантикот: Исчезна подморница со туристи, оделе да го видат „Титаник“


Во Атлантскиот Океан исчезнала подморница која се користела за превезување луѓе за да го видат потонатиот брод „Титаник“, по што е преземан мисија за пребарување и спасување, јави денеска Би-Би-Си. Бостонската крајбрежна стража соопшти дека операцијата е во тек.

Не е јасно колку луѓе имало во подморницата, доколку ги има, кога исчезнала, додава Би-Би-Си.

Малите подморници повремено земаат туристи и експерти кои плаќаат да го видат потонатиот брод „Титаник“.

Повеќедневните патувања до потонатиот брод чинат десетици илјади долари, а едно нуркање до „Титаник“, вклучувајќи спуштање и искачување, наводно трае околу осум часа.

Познатиот брод се наоѓа на длабочина од 3.800 метри на дното на Атлантикот. Се наоѓа на околу 600 километри од брегот на Њуфаундленд во Канада.

Патничкиот брод, кој беше најголемиот брод во своето време, удри во санта мраз на своето прво патување од Саутемптон до Њујорк во 1912 година. Од 2.200 патници и членови на екипажот, повеќе од 1.500 загинаа.

„Титаник“ е опширно истражуван од откривањето на потонатиот брод во 1985 година.