ДПМ ја одбележува својата 75-годишнина со третото издание на „Поетски Вавилон“


Друштвото на писателите на Македонија денеска во просториите на писателската асоцијација ќе ја одбележи 75-годишнината со настан од третото издание од литературната манифестација „Поетски Вавилон“.

На манифестацијата ќе настапат 30 автори од повеќе генерации, различни поетики и на повеќе јазици на кои создаваат авторите или имаат преведени творби.

Преплетот на повеќе јазици ја симболизира Вавилонската кула за настанокот и мешањето на јазиците во мугрите на човештвото, а на настанот ќе им бидат доделени признанија „Поетски Вавилон“ на највозрасните поети – членови на ДПМ: Бистрица Миркуловска и Александар Поповски.