Дожд за викендот – врнежите почнуваат ноќеска


Фото: Б. Грданоски

Денес во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни услови за појава на ретки грмежи. И утре ќе се задржи променливо облачно и релативно топло време со повремен локален дожд. Во недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд, наместа пообилни (до 15л/м2) и дневните температури ќе бидат пониски. Во текот на ноќта кон понеделник на планините и на некои повисоки места во западните и северните делови врнежите ќе бидат од повремен снег. Ќе дува умерен, по должина на Повардарието засилен северен ветар.
Од понеделник времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Во Скопје денес кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе им врнежи од дожд кои повремено ќе бидат поројни. Утре во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд, а повремени врнежи ќе има и во недела и ќе дува умерен северен ветар.