Досега употребени над 9 милијарди вакцини против Ковид, повеќе од половината во три земји


Бројот на администрирани вакцини против коронавирус во светот надмина девет милијарди.

Повеќе од половина од нив (4,67 милијарди) се во три земји – Кина (2,77 милијарди), Индија (1,4 милијарди) и САД (0,5 милијарди). Податоците се базираат на официјални соопштенија на властите.

Во моментов, на луѓето им се инјектирани 9,002 милијарди дози вакцини против коронавирус. Сè уште не е можно да се утврди колку луѓе на планетата ги примиле двете дози, затоа што многу земји го пријавуваат само бројот на сертифицирани дози на вакцини против Ковид и примени вакцини. Истовремено, во голем број земји веќе е во тек процесот на ревакцинација на граѓаните.