Дорис Пак во Собранието на средба со пратенички од ВМРО-ДПМНЕ


Поранешната европратеничка Дорис Пак, актуелна претседателка на Асоцијацијата на жени во Европската народна партија (ЕПП) денеска ќе го посети македонскиот Парламент.

Германската политичарка ќе има средба со пратеничките Лилјана Затуроска, Благица Ласовска и Слаѓана Митовска од ВМРО-ДПМНЕ.