„Доријан“ ги опустоши Бахамите, се движи кон Флорида
Најмалку пет лица загинаа на островите Абако на Бахамите во ударот на ураганот „Доријан“, кој во моментот е лоциран на околу 170 км источно од Вест Палм Бич на Флорида.
Разорниот ураган е окарактеризиран како најсилен кој некогаш ги погодил Бахамите, а ударите на ветрот се 205 км/ч, додека над ахамите се задржа 40 часа.
Премиерот на Бахамите Хуберт Минис изјави дека најмлаку пет лица загинале на островите Абако, додавајќи дека и жителите на островот Грејт Бахама се загрозени.
Спасувачките екипи ќе тргнат во акција штом временските услови ќе го дозволат тоа, додаде Минис. Според неговите зборови, многу куќи и згради се значително оштетени или уништени. – Се наоѓаме сред историска трагедија – рече Минис.
Hurikán Dorian v Miami. https://t.co/ncdOmjnsfU
— Šárka Halaš (@darkgranitegrey) September 3, 2019
Американскиот Национален центар за урагани наведува дека ова е најсилниот ураган кој некогаш ги погодил Бахамите, а во меѓувреме категоријата се намалуваше од петта, на четврта, па на трета, но и со таа јачина ураганот е разорен.
Населението сѐ уште е во засолништа, без струја, а американските медиуми јавија дека ураганот направил голема штета. Медиумите објавија дека седумгодишно момче е првата жртва на ураганот на Бахамите.
Националниот центар за урагани со седиште во Мајами ги предупреди жителите на Флорида и речено им е да не ги напуштаат засолништата додека ураганот не помине.
Инаку, во девет окрузи на Флорида наредена е задолжителна евакуација, меѓу кои и Џексонвил на Палм Бич каде се наоѓа резиденцијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Авионите не летаат, бензинските станици се затворени, како и популарниот Дизниленд.
Научниците предупредија дека климатските промени влијаат на интензитетот на ураганите, затоа што од загревањето на океанот и површината на водата, добиваат повеќе енергија, што може да доведе до повеќе врнежи и силни ветрови.
AFTERMATH: #Abaco is a wasteland. Just awful. #Dorian #hurricaneDorian #Abacoislands #Bahamas https://t.co/dOeCFWMzdV
— WeatherTalk (@WeatherTalk) September 3, 2019