Допрва ќе се воспоставува систем за реновирање училишта


Еден месец пред почетокот на учебната година, новата министерка за образование и наука Мила Царовска, рече дека ќе се воспоставува систем за реновирање на  училиштата кои немаат услови за организирање настава во узлови на Ковид-19.

– Имаме училишта кои се модерни, нови, или соодветно реновирани и имаат услови за настава, но постојат училишта кои се без услови за учениците. Затоа ќе се воспостави систем за нивно реновирање и во наредниот период ќе се разговара со општините и со директорите за плановите за реновирање – рече Царовска.

Во меѓувреме, постои можност за онлајн одвивање на анставата, каде пак се нотира проблемот дека сите ученици немаат услови, технички помагала за такво следење на наставата, но и на решавање на тој проблем се работи.

Во однос на почеток на академската учебна година за факултетите Царовска рече дека имаат испратено барање до Универзитетите и чекаат од нив повратен одговор кој може да организира настава со физичко присуство, да му се дозволи. Инаку и за нив постои моделот за комбинирана настава.