Дополнета Среднорочната програма за стоковните резерви – ќе се складираат 1.300 тони ориз со кои се покрива 60-дневна потрошувачка


KV_IPSOS_2025

Во Собранието вчера беше усвоена Програмата за дополнување на Среднорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви, предложена од Министерството за финансии.

Во стоковните резерви ќе се складираат 1.300 тони ориз, односно 2400 тони оризова арпа, со коишто се обезбедува 60-дневна потрошувачка, а за што се потребни околу 100 милиони денари.
Оризот како култура која е од исклучително значење за населението во земјата и погодна за чување како стоковни резерви е опфатен со последните измени и дополнувања на Законот за стоковните резерви.

Стоковните резерви се формираат од производи кои се од исклучително значење за животот на населението во РС Македонија и се користат во случај на воена состојба, вонредна состојба, елементарни непогоди, еколошки катастрофи, како и при поголемо нарушување на пазарот.
Стоковните резерви ги сочинуваат: пченица, пченка, јачмен, оризова арпа, прехранбена сол, сурово сончогледово масло, нафтени деривати, лекови и медицински средства.