Донирани кревети за интензивна нега во ГОБ „8-ми септември“ Скопје

Компанија „Mozzart“ донираше кревети за интензивна нега, наменети за Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје.

– Би сакале да изразиме голема благодарност до компанијата „Mozzart“ за реализираната донација на кревети во нашата болница. Во екот на пандемијата и недостигот на слободни кревети по болниците, ваков хуман гест е од огромно значење. Секое дополнително место во болницата може да значи и дополнително спасен човечки живот, пренесуваат од Mozzart во соопштение став од менаџментот на Градската општа болница „8-ми Септември“ Скопје.

Од компанијата информираат дека изминатата недела донирале кревети во ЈЗУ Клиника за пулмологија и алергологија во Скопје, распределени во болницата и ковид центрите каде што има најмногу потреба.