Доналд Трамп по десетти пат дедо: Се роди внуката Каролина


САД– Американскиот претседател Доналд Трамп (73) стана дедо по десетти пат.  Неговиот син Ерик, од бракот со Ивана Трамп, и сопругата Лара добија ќерка Каролина. Двојката го има и синот Ерик Лјук (1). Синот Доналд помладиот со својата екссопруга има пет деца, а ќерката Иванка –три.

Трамп е татко на пет деца од три брака.