Доналд Трамп Јуниор на бизнис форум во Софија


Софија– Синот на американскиот претседател, Доналд Трамп Јуниор, денеска ќе ја посети Софија, Бугарија за да учествува на бизнис форум организиран од глобалната платформа за дигитални средства Nexo, соопштија од компанијата.

На форумот ќе присуствува и министерката за наука и технологија на Израел, Гила Гамлиел, која исто така ќе биде во посета на нашата земја.

Форумот „Trump Business Vision 2025“ ги собира светските лидери за стратешки дијалог за интеграција на технологијата и финансиите и за продлабочување на партнерството меѓу американскиот бизнис и глобалниот капитал, велат организаторите.

Претходно, Трамп Јуниор беше во посета на Белград. Српскиот претседател Александар Вучиќ му приреди вечера на синот на американскиот претседател Доналд Трамп , кој по втор пат за месец и половина е во посета на Белград. Претходно се одржа средба меѓу српските бизнисмени и Трамп Јуниор.

Трамп Јуниор е претприемач и извршен потпретседател на Организацијата Трамп.