Доналд Трамп: Борис Џонсон е одличен, го чекав шест години


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Борис Џонсон ќе биде одличен британски премиер и оти чекал шест години тој да стане лидер на неговата земја.

– Навистина верувам дека Борис Џонсон ќе биде одличен премиер, рече Трамп на прес-конференција на самитот на Г7 во Франција и додаде дека со Џонсон поминале „одлични два и пол дена“.

– Чекав околу шест години тој да стане премиер. Го прашав: „Зошто ти требаше толку долго време?“, рече Трамп.