„Домот на куклата“ премиерно в сабота во Турски театар
НУ Турски Театар премиерно ќе ја изведе претставата „ДОМОТ НА КУКЛАТА“ од Лукас Хнат, во режија и драматургија на Билге Емин на 28 октомври (сабота) 2023 г. во 20 часот.
Автор: Лукас Хнат
Превод: Екин Дениз Ѓорк
Драматургија и режија: Билге Емин
Сценографија: Татјана Христоска
Костимографија: Марија Пупучевска
Асистент на режија:Џенап Самет
Избор на музика: Билге Емин и Џенап Самет
Дизајн на постер: Џенап Самет
Фотографија: Стефан Рајхл
Асистент: Дин Ибрахим
Актери:
Сузан Акбелге
Селпин Керим
Фунда Ибрахим
Емине Халил
СЛОБОДАТА Е БЕСКРАЈНАТА ВОЈНА НА ЖЕНИТЕ
Нора е жена со три деца кои припаѓаат на буржоаската класа. Сфаќањето на вистината за нејзиниот брак и за себе и споредувањето со кукла беше пресвртница во животот на Нора. Со цел да се индивидуализира и да живее како слободна жена, Нора го оставила својот сопруг Торвалд и нивните три деца. Поминуваат 15 години. Нора ги надминува улогите доделени од општеството, станува индивидуа и добива економска слобода. Но, поради правен проблем, таа е принудена повторно да чука на вратата што ја затворила, по 15 години. И претставата започнува.
Уживајте во неа.
Билге Емин
Претставата ќе биде изведена на сцената на Театар Комедија. Претставата се изведува со титл на македонски јазик