Доминиканска Република прогласи вонредна состојба


Доминиканска Република – Доминиканска Република прогласи вонредна состојба поради „загрижувачкиот пораст“ на бројот на заразени лица со коронавирус.

Претседателот на оваа карипска држава, Данило Медина прогласи вонредна состојба во следните 45 дена, без да прецизира какви рестриктивни мерки ќе бидат воведени во тој период.

Медина ја издаде претседателската уредба со цел да се избегне оптоварување на државниот и приватниот здравствен систем.

Цивилната одбрана на Доминиканската Република во неделата соопшти дека плажите низ земјата ќе бидат затворени, со цел да се овозможи одржување дистанца.

Во Доминиканска Република досега се потврдени 53.956 случаи на коронавирус, од кои 1.101 во последните 24 часа. Вкупно во земјата се починати 993 лица.