Домбровскис: Киев до април ќе добие шест милијарди евра од ЕУ


Украина месецов ќе ја добие првата транша од програмата за поддршка на земјата во износ од 4,5 милијарди евра, а втората транша вредна 1,5 милијарди евра ќе биде одобрена во април, изјави во Киев, извршниот потпретседател на Европската комисија, Валдис Домбровскис.

„Веќе го финализираме механизмот за поддршка на Украина, кој се нарекува Механизам за Украина… Првата транша од оваа помош во износ од 4,5 милијарди евра ќе биде добиена во март, а набрзо потоа, во април, ќе бидат добиени 1,5 милијарди евра“, рече Домбровскис на заедничката прес-конференција со украинскиот премиер Денис Шмигал.

На 27 февруари, Европскиот парламент ја поддржа одлуката за стартување на Механизмот за Украина – инструмент кој предвидува можност Украина да добие финансиска и техничка помош од ЕУ за вкупно 50 милијарди евра во периодот 2024-2027 година.