Доли Партон доби мурал во Нешвил, во фокусот се нејзините златни кадрици


САД- Кантри-ѕвездата Доли Партон (74) доби мурал во Нешвил, главниот град на кантри-музиката во САД. Ја наслика муралистот Ким Радфорд, кој вели дека Доли е една и единствена.

Партон е една од 50-те најмоќни жени во шоубизнисот. Стана планетарно популарна по дуетот со Кени Роџерс и нивниот евергрин „Island and The Streaam“. Таа се збогати со приходи од сопствениот забавен парк Доливуд, но и бројни работни достигнувања. Сепак, највпечатлив е нејзиниот изглед.

Доли Партон

Доли, е позната е по бројните пластични операции, што никогаш не ги криела. Најмногу се истакнуваат нејзините бујни гради. Пред неколку години силиконите започнаа да и прават здравствени проблеми, но ниту тоа не ја натера да го промени имиџот на русокоса со големи облини.

Во 1994 година објави автобиографија со наслов „Доли: мојот живот и други недовршени работи“. Таму опишала како имала сиромашен живот, а нејзината најголема желба била да од девојка од село стане гламурозна.

„Косата не ми е убава, па затоа секогаш носам перики, многу сум ниска и затоа одам на високи потпетици. Изгледам како воопшто да немам вкус, но на некој начин тоа им се допадна на луѓето или едноставно им сметаше“, рекла легендата на кантри-музиката.