Долги редови на гласањето за претседател во Полска


Долги редици во Варшава

Полска денеска излезе на претседателските избори кои се многу важен тест за популистичка и националистичка влада на партијата Право и правда. Десничарскиот претседател на Полска, Анджеј Дуда, се бори за втор мандат, а опозицијата во изборите ја гледа последната шанса за „враќање на демократијата“ во земјата. Главен кандидат на опозицијата е либералниот градоначалник на Варшава, Рафал Трасковски. Покрај нив во изборната трка учествуваат уште девет кандидати.

 

… и во Вроцлав

Полските медиуми јавуваат дека уште од 7 часот наутро кога беа отворени избирачките места се создадоа големи редови, особено во поголемите градови. Една од причините е и што се воведени големи безбедносни протоколи за гласањето во време на пандемијата на корона вирусот, а од државната изборна комисија наведуваат дека тоа е сигнал дека излезноста веројатно ќе биде висока.

Доколку денеска ниеден од кандидатите не освои 50 отсто од гласови ќе има и втор круг меѓу двајцата најдобро пласирани кандидати на 12 јули.

Полска досега има 33.907 случаи на корона вирус и 1.438 починати. Денеска здавствената статистика регистрира 193 новозаболени и тројца починати.