Доларот зајакна трета недела по ред


 

На светските берзи вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми и минатата недела, трет пат по ред, што е последица на неизвесноста на берзите и зголемените очекувања дека ФЕД дополнително ќе ги зголеми каматните стапки.

Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела зајакна за 1 отсто, на 104,17 поени.

Истовремено, доларот зајакна за 0,75 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото се лизна на 1,0725 долари.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна за 1,9 отсто на 140,60 јени.

Зајакнувањето на доларот трета недела по ред е благодарение, меѓу другото, и на неговиот статус на сигурна валута во неизвесни времиња.

На Волстрит и на другите големи светски берзи имаше неизвесност поради неизвесноста околу преговорите меѓу демократите и републиканците во САД за зголемување на плафонот на државното задолжување.

Во саботата, пак, беше објавено дека е постигнат начелен договор, што значи дека не треба да има нарушување во финансирањето на обврските на Владата.

Поддршка за доларот дадоа и пораките на претставници на американската централна банка дека е можно дополнително зголемување на каматните стапки со цел да се потисне инфлацијата.

Низа податоци покажуваат дека растот на економијата и инфлацијата забавува, но не доволно брзо, па челниците на ФЕД велат дека каматните стапки веројатно ќе продолжат да растат.

Поради ова, пазарот на пари сега проценува дека има 60 отсто шанси ФЕД да ги зголеми каматните стапки за дополнителни 0,25 процентни поени во јуни, додека пред една недела шансите беа околу 20 отсто.

Благодарение на ова, индексот на доларот кон средината на неделата го достигна највисокото ниво во последните два месеци.