Документарец за Михаел Шумахер излегува во декември


 

Документарен филм за седумкратниот шампион на Формула 1, Германецот Михаел Шумахер, кој е тешко повреден при скијање пред шест години, ќе излезе во декември.

Се работи за филм со до сега необјавени архивски снимки и сведоштва на неговото семејство.

Филмот „Шумахер“ го режираа германските режисери Михаел Вех и Ханс-Бруно Камертенс, со поддршка на семејството Шумахер, а во Германија и во Швајцарија документарецот ќе биде прикажан на 5 декември.

Во оствраувањето, кое е снимено на германски јазик, прикажано е семејството на Шумахер, неговиот тако Ролф, сопругата Корина, нивните деца како и негови колеги.

Шумахер (50) во текот на кариерата победи во рекордни 91. трка. Од натпреварувањето во Формула 1 се повлече во 2012 година, откако освои седум шампионски титули.

Тој остана хендикепиран по несреќата на скијање во француските Алпи во 2013 година.