Докторот Шон Конли соопшти дека претседателот Трамп не е веќе заразен

 Неколку часа по појавувањето на Доналд Трамп на балконот од Белата куќа синоќа, Шон Конли, доктор на претседателот, изјави дека тој „повеќе не се смета за ризик од пренесување на болеста на другите“. 

Од Белата куќа посочија дека Трамп ја обновува изборната кампања оваа недела. Претседателот утре настапува на митинг во Флорида, засега е неизвесно дали митингот ќе биде на отворено или во затворен простор. 

Соопштението на Конли било објавено со согласност на Трамп, јави Њујорк тајмс. 

 -Со задоволство сакам да ве известам дека покрај тоа што претседателот ги задоволува критериумте на ЦДЦ (државните Центри за контрола на инфетктивни заболувања) за безбедeн прекин и изолација, утрешниве примероци од ПЦР покажуваат дека… тој повеќе не се смета за ризик од пренесување на другите, изјави Конли. 

Тој додаде дека на десеттиот ден од почетокот на симптомите, претседателот „нема повишена температура повеќе од 24 часа, симптомите се подобрени… и не постојат докази за репликација на вирусот“.  

Пред само една недела Трамп имаше проблем со дишењето и беше хоспитализиран во воената болница „Валтер Рид“ во Вашингтон, од каде излезе по три денови прегледи и лекување. Во интервјуо за Фокс њуз викендов, тој истакна дека примил коктел од антитела „Регенерон“ и дека токму овој лек му помогнал брзо да се опорави.  

Третманот со „Регенерон“ е комбинација од две моќни антитела за кои се верува дека ја засилуваат имунизацијата на телото во одговор на вирусот. Трамп не сакаше да прецизира каде и од кога е инфициран.