Докторка сама на протест против системот – бара заштита на медицинскиот персонал


 

Докторката Минал Виз денеска сама протестираше пред седиштетона Владата на Велика Британија за да укаже на недостатокот на заштитна опрема за здравствените работници.

Во болничка униформа и со маска на лицето, Виз пред кабинетот на премиерот Борис Џонсон истакна транспарентсо натпис „Заштитете ги здравствените работници“.

Виз, која е трудна, рече дека протестира заради ранливиот болнички персонат и оцени дека владата требаше значително порано да биде подготвена за пандемијата со корона вирус и дека здравствениот систем сега е во тешка состојба.

„Ние и понатаму на колена молиме за заштитна опрема. Да имавме доволно, немаше бабите да мора да ни шијат и пензионерите да собираат пари за Националната здравствена служба“, рече Виз.

Британската влада со недели е на удар дека нема заштитна опрема за лекарите. Умреа најмалку 50 здравствени работници заразени од корона вирус, вклучувајќи и трудна медицинска сестра чие бебе преживеа благодарение на царскиот рез.

Надлежните велат дека се борат да набават заштитна опрема и наведуваат дека од Турција им пристигнува контингент од 84 тони, во кој има 400.000 болнички мантили