Доктор во Тетово претепан до бесознание пред полиција


Фото: Независен

Пациент претепа доктор во Кожно – венеричната служа при Клиничката болница во Тетово, револтиран што лекар кај кого имале закажано термин за преглед во оваа служба, не бил на работното место. Инцидентот се случил околу 9 часот. Напаѓачот најпрвин побарал од нападнатиот лекар да му дадат потпис со изјава дека неговиот колега не бил присутен во ординацијата, тој ги одбил при што физички го нападнале.

-Некогаш од нетрпение спрема белиот мантил се случуваат некои работи, кои не треба да се случат. Пациентот од нападнатиот лекар барал да му даде изјава со потпис дека лекарот негов колега не бил тука а додуша лекарот бил на состанок кај директорот, тој ги одбил и го удриле. Пациентот заминал, во меѓувреме дошла полиција и за некои петнаесетина минути пак се вратил пацинтот и во присуство на полицајци го дотепале докторот, кој добил сериозни повреди. Значи ни крив ни должен бил нападнат, рече Невзат Елези Претседател на здружение на лекари Албанци во Македонија.

По вториот напад докторот паднал во бесознание. Веднаш бил префлен во Клиничкиот цетнар во Скопје, каде по укажаната лекарска помош се вратил во нормала. Првично се работи за повреди во главата.

Од раководството на Кожно – венеричната служба, велат дека воопшто не се заштитени, ако се земе предвид фактот дека нивниот колега е претепан пред полиција.

Фото: Независен

-Јас во ситуацијава повеќе ја обвинувам полицијата, како е можно да се тепа доктор пред полицијата а таа ништо да не стори, вели еден доктор од Кожно – венеричната служба кој од страв не сакаше да го каже неговото име и презиме.
Од Здружението на лекари Албанци, велат дека секоја недела се напаѓаат доктори, но и друг вид на лекарски персонал, Решение на проблемот гледаат во донесувањето на законот за лекари, кој е подготвен но се ушпте не е влезен во собраниска процедура.
За пациенти има закон, а за лекарскиот персонал нема. За нас се повикуваат на законот за работни односи и закон за здравствена заштита, но со тој закон не можеме да бидеме заштитени, додаваат од здружението.
-Законот не е донесен, инсистираме да се донесе што поскоро. Ние имаме подготвено закон за заштити на лекари. Со овој закон ќе биде подобро, но треба истиот да се донесе во парламентот. Лекарите немаат оружје, немаат завршено карате, имаат пенкало и апарати да се грижат за пациентите, не знам како може некој да напаѓа лекар. На пример во соседство за само вербален напад одма одиш во притвор, а не да нападнеш доктор физички, рече Д-р Невзат Елези од Здружението на лекари Албанци.
Од Секторот за внатрешни работи Тетово го потврдуваат случајот и велат дека кај нив е пријавено дека лекарот на возраст од 45 годни е нападнат од 43-годишник од Голема Речица, кој набрзо е приведен и задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот.

Зоран Димовски