(Видео) Доктор со свои 100 години ја победил короната, а сега лечи други пациенти


Д-р Кристијан Шенај е доволно стар за да се сеќава на шпанскиот грип во 1918 година и ги третирал луѓето со тифус за време на Втората светска војна. Сега, додека се приближува кон својот 99 роденден, тој сè уште се грижи за пациенти со корона вирус. Шенај одржува виртуелни консултации со пациенти, од кои некои ги третирал со децении, преку телефон и Интернет, и се враќа на неделните посети во пензионерскиот дом, по краткиот престој во карантин. Но морал да прекине со праксата, откако двајца агресивни пациенти побараале да им им ги даде залихите од заштитните маски. Набргу потоа, тој влегол во двонеделен карантин, откако ги добил симптомите на корона вирусот. „Ако ја оставев отворена ординацијата тоа ќе беше вирусна лабораторија, легло на инфекции “, изјавил Шенај, кој се движи со помош на бастун, но инаку е во добра здравствена состојба.

Тој работел како заварувач пред да стане лекар, а на крајот се квалификувал како радиолог и се вратил на општата пракса. Неговиот син, исто така е лекар во пензија, но тој сеуште не се пензионира. Тој вели дека недостигот на подготвеност на Франција за ваква глобална пандемија го фрустрира.

„Се чувствувате немоќни“, вели тој.

„Нема лек. Немаме начин да знаеме кој е болен, а кој не и не можеме да ги изолираме пациентите“.

Многу од неговите пациенти се борат да закажат состанок за скрининг, бидејќи тој е еден од тројцата лекари во град кој има 19,000 жители.

„Лекарите не сакаат нови пациенти. Тие ме преплавија“, вели тој.

Дури и без здравствени проблеми, тој не носи очила за време на консултациите,но  знае колку е опасен корона вирусот за постарите лица, вклучително и за него самиот, но не може да и го сврти грбот на праксата долга седум децении и не сега во време на пандемијата