„Дојче бан“ планира превоз на пченица од Украина со германските пристаништа


 

Германската државна железничка компанија „Дојче бан“ објави дека планира да превезува пченица од Украина со товарни возови во германските пристаништа откако поради руската инвазија сопрен е извозот на жито преку Црното Море. Украина е еден од најголемите извозници на пченица, а повеќе од 90 отсто од извозот одеше преку Одеса и Мариупол на Црното Море.

Но, руската инвазија го сопре тој извоз, оставајќи во место десетици бродови и околу 20 милиони тони жито заглавени во силосите во Одеса, што доведе до раст на цените на прехранбените производи. „Дојче бан“ објави дека својата мрежа за допрема на хуманитарна помош ќе ја трансформира за достава на житао од Украина во германските пристаништа во Росток, Хамбург и Брак, близу Бременхавен.

Компанијата, за таа цел, планира да воведе неколку товарни возови неделно, а голем дел од житото би го превезувала преку Романија и Полска, велат од „Дојче бан“, додавајќи дека уште не можат да прецизираат колку жито ќе се превезе.

„Ќе превеземе колку што е можно повеќе жито“, рече портпаролот на компанијата за германската новинска агенција ДПА која прва ка објави веста.

Во вкупното производство на пченица во светот Украина учествува со седум отсто, но кога станува збор за висококвалитетна пченица, нејзиниот удел се качува до петтина од целото светско производство.