Дојави за бомби во неколку училишта во Подгорица


Наставата во неколку основни училишта во Подгорица денеска е во прекин поради дојава за поставени бомби, јави РТЦГ.

Според медиумот, наставата е прекината, а учениците се евакуирани.

Се очекува пристигнување на специјална единица на Полициската управа.

Дојава за бомба има во седум основни училишта и две средни. 

Ова е втор бран закани со бомби во училишта во Црна Гора. Првиот се случи во април, кога мејлови беа пратени на 178 образовни институции, 12 општини и по една во Службата за заштита и спасување, Центарот за безбедност и Комуналната полиција.

Тогаш заканата беше во сите училишта и градинки, а наставата беше експресно сопрена.

Минатиот четврток пак, имаше дојава за поставена бомба во Вишиот суд во подгорица, но се покажа дека е лажна.