Дојава за бомба во средно училиште во Словачка, учениците пратени дома


 Гимназија во Братислава по електронска пошта била известена за поставена бомба, соопшти полицијата.

Полицијата во објава на Фејсбук демантираше дека имало експлозија и наведува дека истрагата е во тек.

Некои словачки портали претходно објавија дека на учениците не им било дозволено да влезат во училиштето и дека се пратени дома, а закани за бомби добиле и други училишта.