Договорот со „Бехтел и Енка“ ќе биде презентиран пред пратениците кои имаат безбедносен сертификат

Од Владата велат дека целта е пратениците да се запознаат со содржината и сите детали од договорот за изградба на двата коридора


Фото: Б. Грданоски

Од Владата велат дека целта е пратениците да се запознаат со содржината и сите детали од договорот за изградба на двата коридора, кои се од нивни интерес. Презентацијата на договорот ќе биде спроведена пред сите пратеници кои поседуваат соодветен безбедносен сертификат.

„Коридорите 8 и 10-д, се досега најголемиот инфраструктурен проект во земјава, чија што вредност изнесува 1,3 милијарди евра. Со реализацијата на овој проект, предвидена е изградба на четири автопатски делници, во вкупна должина од околу 110 километри. Учеството на секоја институција е важно за брза и навремена реализација на овој најголем инфраструктурен проект, кој е од стратешки интерес за државата.

Изградбата на овие два коридорa, значи поврзување на државата со другите земји од Европа, пораст на странски инвестиции, економски развој на земјата, побрз трансфер на луѓе и роба, развиен туризам и пред сè безбедни и сигурни патишта за граѓаните“, се наведува во соопштението од владината прес-служба.