Договорот меѓу „Ериксон ен-те“ и Телеком Косово е вреден 15 милиони евра


Со потпишување на рамковен повеќегодишен договор вреден 15 милиони евра, Телеком Косово и „Ериксон Никола Тесла“ ја продолжуваат соработката за модернизација и одржување на радио мрежата на косовскиот оператор, објави во петокот „Ериксон ен-те“.

Договорот вклучува воведување на најнапредната Ericsson 5G опрема во радио делот на мрежата Телеком Косово. Претседателката на „Ериксон ен-те“ Гордана Ковачевиќ го изрази своето задоволство што ја продолжуваат соработката со Телеком Косово за модернизација и проширување на нивната мобилна мрежа.

„Моќната 5G платформа на Ериксон, во комбинација со иновативни ИКТ решенија од нашите експерти, е основата на напредните комуникациски услуги и голем број нови можности кои ќе им бидат достапни на косовските граѓани и деловни субјекти“, посочи таа.

Таа рече и дека продолжувањето на партнерството дополнително ќе придонесе за зајакнување на нивната позиција на косовскиот пазар, каде што се присутни долги години.