Договорениот брак на УБС и Кредит Свис на многумина не им „легна“


Договорениот брак во неделата, во кој УБС се согласи да ја купи болната домашна конкурентка Кредит Свис за три милијарди швајцарски франци (3,25 милијарди долари), веќе предизвика бројни коментари во европските медиуми во понеделникот.

Заедничкиот именител на тие коментари може да се сведе на фактот дека новосоздадената банка потенцијално ќе носи поголем регулаторен ризик од самата Кредит Свис,пенесува СЕЕбиз.

И покрај храбрите изјави на швајцарските власти и централните банки за враќање на стабилноста, се чини дека договорот не ја отстрани загриженоста за системските ризици за глобалните пазари.

По долги години тешки загуби и скапи скандали, најновиот пад на цената на акциите на Кредит Свис започна со колапсот на американските Банка на Силиконската Долина и Сигначр банк и се влоши кога главниот инвеститор Саудиска национална банка соопшти дека повеќе не може да дава финансиска помош.

Најавата за заем до 50 милијарди швајцарски франци од Швајцарската национална банка не ја смири загриженоста на инвеститорите и на крајот бараше „итно спасување“ на 167-годишната институција од страна на УБС.

Шокирани од развојот на настаните се и швајцарските медиуми.

„Зомбите ги нема, чудовиштето доаѓа“, гласи насловот на коментарот во угледниот дневен весник Ноје Цуерхер Цајтунг (НЗЗ), кој често ги одразува ставовите на естаблишментот.

„Пред неколку месеци никој не би помислил дека Кредит Свис ќе пропадне. Но, тоа не се случи случајно“, пишува коментаторот на НЗЗ, обвинувајќи ја банката за ароганција и гордост.

Tages-Anzeiger зборува за „историски скандал“.

„Федералната влада, финансискиот регулатор и централната банка му дозволија на УБС да ги откине“, пишува весникот.

„Новата мега-банка ќе има добивка, додека даночните обврзници, клиентите и вработените ќе загубат“, заклучува Tages-Anzeiger во уводникот, предвидувајќи голем број на губење на работни места.